Артритис е воспаление на еден или повеќе зглобови, а се манифестира со болка и оток на зафатениот зглоб. Иако постојат повеќе од сто облици на заболувања кои се нарекуваат артритис, праксата покажува дека зад болката и отоците на зглобовите најчесто се крие ревматоиден артритис, гихт и остеоартритис, но не смее да се занемари ни фактот дека и некои други, поозбилни болести можат да се кријат зад оваа состојба.
Со обзир на тоа дека причинители на артритисот се бројни, штом се појават симптоми, треба да се посети доктор кој по прецизната дијагностика ќе ја открие причината за болеста и ќе припише соодветно лекување. Но, помош може да побарате и во природата:
Чудотворен сок од компири
Сокот од компири се врзува со уричната киселина, затоа се советуба употреба на свежо цеден сок од еден компир од средна големина дневно, и тоа наутро, пред доручекот. За подобар вкус може да се измеша со лимонов сок или супа.
Сок од ротквица
Свежо исцеден сок од ротквица може значајно да ги ублажи болките во зглобовите, а се пие три пати дневно по една супена лажица.
Јадете елда
Оваа житарка содржи рутин и аскорутин, супстанции кои лековито делуваат на многу заболувања, вклучувајќи го и артритисот. Елдата го намалува крвниот притисок и маснотиите во крвта, го забрзува работењето на бубрезите, а се советува за дијабетичарите. Каша од елда, како и производи од брашно од елда,секој дијабетичар би требало да ги има на своето мени.
Чај од кора од врба
Овој чај содржи салицилна киселина која ги ублажува болките и воспаленијата.
Чај: три дела сушена кора од врба, два дела сладунец и еден дел изгмечен бел лук се преливаат во зовриена вода и се оставаат да отстојат 15 минути. Процедете го, оставете да се олади и додадете сок од лимон. Салицилна киселина има и во свежи и суви сливи, ананас, грозје, рибизли, кајсии, бадеми, тикви, тиквици, пиперки, маслинки, кисел купус, куркуми…
Кантарион и мајчина душичка
Две лажици од мешавина на овие растенија се преливаат во пола литар зпвриена вода, се покрива и се остава да стои 10 минути. Се процедува и се пие во текот на денот во голтки.
Мед и цимет за масажа
Се меша лажица мед и две лажици млака вода па се додава малку цимет. Се прави лесна маса и се масираат болните зглобови.