Motherhood

Баба му починала на 90 години и му оставила писмо…

Кога баба ми почина пред неколку годни на 90-годишна возраст, ми остави кутија со предмети од дома, за кои знаеше дека ги сакав во текот на годините. Покрај сите тие работи, ми остави и еден дневник од кој решив да ги споделам со вас најважните работи.

–          Не е важно каде си и низ што поминуваш, секогаш верувај, дека има светлина на крајот од тунелот.

–          Вдишувај ја иднината, издишувај го минатото.

–          Никогаш не очекувај многу и немој да бидеш арогантен.

–          Секогаш давај го најдоброто од себе.

–          Контролирај ги само оние работи кои можеш да ги контролираш. Потоа остави ги нештата да се случуваат. Штом веќе се направил се што можеш, ако било пишано ќе се случи. Ако не, ќе гледаш напред.

–          Дозволи им на другите да те прифатат таков каов што си, или воопшто да не те прифатат.

–          Кажувај ја својата вистина и тогаш, кога гласот ти трепери.

–          Ти веќе не си оној што беше, и тоа е нешто нормално… си бил повреден.

–          Имаше многу подеми и падови во твојот живот, кои те направија она што си денес. Со годините толку многу нешта се случија. Нешта, кои ти го променија начинот на мислење, кои те научија како да пораснеш. Како времето поминува, никој не останува ист. Некои луѓе ќе речат дека си се променил. Одговори им со зборовите: “Се разбира дека сум се променил”.  Се што се случува, ти помага да растеш, дури и да е тешко да го разбереш тоа во моментов. Работите кои ти се случуваат ќе те управуваат, ќе те корегираат и ќе те усовршуваат со времето. Но што и да се случи, никогаш не губи надеж.

–          Не учи како да станеш богат, учи како да станеш среќен. Така, кога ќе остареш ќе ја знаеш вредноста на нешата, а не нивната цена. На крајот на животот ќе сватиш дека најдобрите денови биле оние во кои не си имал потреба од ништо специјално, за да се насмевнеш. Тоа е вистинската среќа.

Write A Comment