Мојата кујна

Бајадера со оризови снегулки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

*  2 јајца

*  300 гр шеќер

*  150 гр чоколадо

*  250 гр маргарин

* 300 гр мелени бисквити

* 100 гр експандирани оризови снегулки

За глазурата:

* 100 гр чоколада

* 3 лажици масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Пенесто изматете ги јајцата и шеќерот. Ставете ги на тивок оган и ставете го маргаринот. Мешајте додека убаво не се растопи маргаринот и шеќерот. Потоа додајте ги мелените бисквити и оризовите снегулки. Намастете ја тавата и сипете ја смесата. Израмнете со рацете и прелијте со глазурата.

Write A Comment