ШоуБиз

Бали бег и Неџла наскоро на Алфа ТВ

Алфа телевизија подготвува бомба за новата телевизиска сезона –  најуспешната турска серија на сите времиња во Турција конечно во Македонија.

Алфа телевизија ги откупи правата за најуспешната турска серија на сите времиња „Дневникот на Фериде“ или „Calıkusu“. Оваа серија е убедливо најгледана во конкуренција на сите теленовели што се емитуваат во моментов, а рејтинзите потврдуваат дека лесно може да биде и најгледаната теленовела воопшто во Турција.  Ваквиот интерес на гледачите ги оправда огромните вложувања во серијата која важи за една од најскапите и најраскошните досега снимени во оваа земја. На гледачите, кои како маѓепсани ја следат секоја епизода, оваа безвремената љубовна приказна на познатиот турски писателРешат Нури Ѓунтекин им ја доловуваат најпопуларните турски актери Бурак Осчивит, кој ја толкуваше улогата на Бали Бег во “Величествениот“ и прекрасната Фахрие Евџан која ни е позната како Неџла од легендарната “Кога лисјата паѓаат“.  Извонредната продукција, фантастичните костими, прекрасната музика и, над се, приказната на која никој не може да оделее веќе предизвикаа огромен интерес кај сите големи телевизии во регионот а Алфа Телевизија е прва на балканот  која ги има есклузивните права за емитување  овој нов турски мега хит. Ова е само прво изненадување од Алфа телевизија а  наскоро следуваат и други првокласни новитети во програмската шема.

vna

 

Напиши коментар