Motherhood

Бебињата родени во зима се поспори

Резултатите од новото истражување покажаа дека бебињата кои се родени во зима се многу поспори, што може да влијае и на нивниот поглед кон светот кога ќе бидат возрасни. За разлика од нив бебињата кои се родени во лето се многу поактивни и често израснуваат во луѓе кои на животот гледаат со голем оптимизам.

Научниците сметаат дека тоа е последица од намалената дневна светлина . Бебињата кои се родени во зима потешко ја поднесуваат промената на годишните времиња и склони се на променливо расположение.

Се смета дека количината на дневната светлина во првите месеци од животот е клучна за долгорочно расположение.

Децата кои се родени во зима почесто патат од алергија заради недостаток на витаминот Д.

 

Write A Comment