ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 220гр путер
* 300гр шеќер во прав
* 200гр бисквити
* 100гр мелени ореви
* мелени ореви или кокосово брашно за валкање на бомбиците
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Омекнете го путерот на собна температура и изматете го заедно со шеќерот.
Измелете ги бисквитите и додадете ги во путерот.
Додадете ги и мелените ореви и се добро измешајте.
Обликувајте топчиња и валкајте ги во мелените ореви или во кокосовото брашно (по желба).
Оставете ги бомбиците 2 часа во фрижидер да се стегнат, а потоа послужете.
Пријатно!