Веќе неколку сезони комбинезоните се присутни во женската гардероба, особено откако многу ѕвезди застанаа со нив на црвениот тепих. Но оваа година тие ја напаѓаат и свадбената мода.
Жените кои не се плашат да експериментираат и да ја нарушат традицијата, можат да облечат комбинезон за големиот ден.
Ким Золсиак од реалното шоу “The Real Housewives of Atlanta”, која неодамна се омажи, исто така реши да се обложи на овој тренд.

Дизајнерите, меѓу кои J.Crew, Lanvin, Rivini и Victoria Kyriakides, ја презентираа својата идеја за свадбени комбинезони.
Ако треба да бидеме искрени, ние повеќе ги сакаме традиционалните венчаници, и сметаме дека нив ништо не може да ги замени. А дали вие би ја замениле венчаницата со бел комбинезон за големиот ден?

