Дестинации

Би престојувале ли во хотел под земја? (Видео)

Хотелот Sala Silvergruva во близина на Стокхолм се наоѓа на 155 метри под земја. Изграден е во поранешен рудник за сребро, има неколку соби, од кои дел се на површината, а остатокот длабоко под земја.

Необичниот угостителски објект опремен е по највисоки стандарди, а располага со луксузен апартман, сместен на самиот крај на рудникот, на 155 метри длабочина. Ноќевање чини 500 евра.

Хотелот им овозможува на гоститте да прошетаат по напуштените окна и да го дознаат највозбудливото поглавје во историјата на индустријализација.

Дел од рудникот е преуреден во простор за културни настани, прослави, венчавки и конференции.

https://www.youtube.com/watch?v=ihOvDWnc1_g

 

Write A Comment