← НАЗАД НА БОЗА

Бидете добар татко за вашите синови

Бидете добар татко за вашите синови
514 Читања

Што би требало да направите доколку сакате со своите синови да изградите однос на доверба и љубов?

Односот помеѓу татко и син е многу специфичен и од тоа како тој се развива, зависат многу работи. Доколку сакате со своите синови да изградите однос на доверба и љубов, морате да се запознаете со детето, да му станете близок и да учествувате во неговиот живот, да го слушате внимателно кога тој ќе збори. Психолозите тврдат дека не постој универзален рецепт за татко, но постојат некои “правила” кои мора да ги почитувате.

Потиснете ги своите очекувања и дозволете вашиот син да се развива самостојно. Притисокот кој многу татковци го прават најчесто не е вербален туку психолошки. Затоа заборавете ги своите амбиции и дајте поддршка на интересите на својот син.

Фактот дека вие сте биле перспективен спортист во вашата младост не значи дека и вашиот син мора да биде спортист, бијеќи тој може да биде талентиран во уметноста. Умерено може да го контролирате и да го насочувате, но без големи очекувања кои може да го влошат т.е расипат вашиот однос.

Поминувајте доволно време со вашиот син, но имајте на ум дека е многу важно тоа да биде квалитетно потрошено време. Не мора да бидете заедно по цел ден, но времето кое го имате заедно искористете го правилно. Слушајте што има да ви каже, правете го она што на вашиот син му се допаѓа, слушнете ги неговите интереси и желби. Играјте, разговарајте и бидете заедно.

Иако како татко од вас се очекува да бидете пример за авторитет, многу е важно да го фалите вашето дете и да бидете негова поддршка. Не го осудувајте, не му викајте и не трудете се преку вашиот авторите да му внесете страв на вашето дете. Многу е важно постојано да го потсетувате вашето дете дека вие постојано сте на негова страна и дека го саката без разлика дали во одредени ситуации е добар или лош. Кога ќе бидете задоволни од вашиот син тоа кажете му го, а причина за пофалба е и вложен труд, а не само постигнат резлутат.

Момчињата по правило многу помалку ги изразуваат своите чувства, па може да се случи самите тие да не се сигурни што вие мислите за нив. Затоа постојано треба да му повторувате дека го сакате и дека сте среќни што баш тој е ваш син. Прегрнете го кога имате време прилика за тоа. Топол и грижлив татко нема од својот син да направи “мекуш”. Напротив, само момчињата кои се сигурни во татковската љубов и поддршка ќе прераснат во силни личности, способни да се борат со животните проблеми.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk