ШоуБиз

Бијонсе: Не сум во врска со Обама, тоа е лага!

Неколку дена откако еден француски папарацо јавно соопшти дека Барак Обама и Бијонсе се во врска, се огласи и самата пејачка. Од нејзиниот PR тим ги демантираа овие гласини нарекувајќи ги лажни и асурдни.

Да потсетиме, францускиот фоторепортер Паскал Ростан, кој ја откри аферата за претседателот на Франција Франсоа Оланд, рече дека претседателот на Соединетите Американски Држави и сопругата на раперот Џеј Зи се во врска.

–          Во САД ќе се случи нешто големо. Ќе излезе на 11.фебруар во “Вашингтон пост” приказната за врската на Обама и Бијонсе. После тоа, ве уверувам, светот ќе зборува за тоа – изјавил тогаш Ростан.

Меѓутоа, во меѓувреме од “Вашингтон пост” тоа го демантирале.

Write A Comment