Art & Crafts

Билниот чај ја ублажува мачнината од патот

Ако секое подолго патување со автомобил, автобус или авион кај вас предизвикува мачнина и напад на анксиозност, обидете се да ги ублажите симптомите со природни препарати кои лесно може да се подготват.

Пред заминување на пат сварете благ билен чај кој го стимулира варењето, спречува мачнина и главоболка. Во 2 дл зовриена вода, ставете гранче мајчина душичка, прстофат ѓумбир во прав и лажичка сушени цветови од глог. Покријте и почекајте чајот малку да се олади и испијте го.

Кога тргнувате на пат, во рачна торба ставете мало пакување тиргова маст. Непосредно пред тргнувањето, ставете мала количина од маста на слепоочниците и нежно измасирајте. Постапката може да ја повторите неколку пати доколку вашето патување трае подолго.

Ист ефект ќе постигнете и со мешање на есенцијално масло од нане, лимон и бадеми. Измешајте десетина капки бадемово масло со пет капки есенцијално масло од нане и уште пет капки есенцијално масло од лимон и со оваа ароматична мешавина измасирајте го вратот и градите пред тргнување на пат. Забелешка: Оваа мешавина не се препорачува на бремени жени и деца помали од осум години.

Write A Comment