Нигерија
Во Нигерија е забранет увозот на пиво, како и негово производство. Но доколку сепак негде најдете, можете слободно да го пиете, само доколку сте постари од 18 години.
Небраска
Во оваа американска држава важат неколку необјасниви закони поврзани за пивото, помеѓу останатото и тој дека е нелегално да се продава пиво на приватен имот, доколку при тоа не парвите лонец со чорба. Не се знае дали истото важи и во случај да го подгревате ручекот од претходниот ден.
Ајова
Доколку планирате со сопругата да се напиете пиво во кревет со цел да се опуштите, внимавајте да не земете повеќе од три голтки, бидејќи во спротивно ви следува казна.
Русија
До пред неколку години, пивото не се сметало за алкохолен пијалок во Русија, имајќи во предвид дека процентот на алкохол во него изнесува помалку од 10 проценти. Пивото важело за прехрамбен производ и можело да се продава во секое време од денот. Иако во последните години законите се по строги, забраната на конзумирање и продавање на алкохол за помладите од 18 години и понатаму се одолговлекува.
Шкотска
Во Шкотска сите закони поврзани со алкохолот се сметаат за многу озбилни, вклучувајќи го и оној дека пијан човек не смее да биде во друштво на крава.
Канада
Во еден регион во Канда е забрането да пиете вода заедно со кригла пиво, но тоа не важи за другите делови од државата.
Тексас
Порано во Тексас било против закон да ја имате енциклопедијата “Британика”, бидејќи во неа можел да се најде рецепт за производство на пиво во домашни услови.
