Бледското езеро е глацијално езеро, кое се наоѓа во општината Блед, лоцирана во северозападна Словенија. Перфектната слика на езеро како од бајките, ја надополнува островот кој се наоѓа во средината, кој пак е свето место во кое се наоѓа црквата Богородица. Често можат да се слушнат звоната од камбаната на црквата, а се претпоставува дека звукот на камбаната за време на посетата на црквата, носи среќа за посетителот. Софистицираноста на црквата ја потврдуваат се поголемиот број на венчавки, како дел од таа романтична приказна, во која несомнено главна улога има и Бледскиот замок.
Посетителите можат да уживаат во глетката, но и користејќи ја убавината на прекрасната зелена боја која езерото ја има во летните месеци и тоа пливајќи. Тука е и можноста за пешачење која ја дозволува близината на Триглав Националниот парк. Најблискиот аеродром до малото парче од бајките се наоѓа надвор од градот Крањ.











