Мојата кујна

Богата капучино торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 18 јајца

* 300гр мелени ореви

* 36 лажици шеќер

* 3 лажици презла

* 3 лажици брашно

* 500гр шеќер во прав

* 5 кесички капучино

* 2 маргарина

* 500мл слатка павлака

* 4 пакетчиња шлаг

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Испечете три кори од по 6 белки, 100гр мелени ореви, 12 лажици шеќер, лажица брашно и една лажица презли.

Прв фил: Изматете 18 жолчки со 300гр шеќер во прав. Во малку вода измешајте ги петте кесички капучино и додадете ги во семсата со жолчките. Варете на пареа додека не се згусне и оставете да се излади. Посебно изматете 2 марагарина со 200гр шеќер во прав и измешајте ги во изладената смеса со капучино.

Втор фил: Изматете 500мл слатка павлака со 4 пакетчиња шлаг.

Филување: Кора-крем-шлаг. Завршете со шлаг и украсете по желба.

Write A Comment