Со новата фризура пеачката се пофалила на друштвените мрежи, а на тоа потврди дека не се плаши да прави промени, а со тоа и да го менува својот изглед.
Минатата недела ја гледавме Бијонсе како настапува на доделувањето на Греми со брановидна, мокра коса до под ушите. Но се чини по бројните злобни коментари кои ги доби после настапот, пеачката одлучила за брза промена и направила тенки плави плетенки до струкот. Со новата фризура се пофалила на инстаграм, каде што ја објавила фотографијата како позира во кожни пантолони, бела кошула и бели чевли – во машки стил.

