Болките во желудникот се обично многу непријатни. Причините се многу: од гастритис и чир до онколошки заболувања. Значи, доколку проблемот често се јавува, посоветувајте се со вашиот лекар, меѓутоа, акутната болка може да се отстрани самостојно и тоа со помош на проверени народни лекови.
Природни лекови:
- За болки во желудникот поради гастритис: Земете половина чаша сок од зелка или сок од компир, наутро на празен желудник. Доколку болките не поминуваат – пијте од сокот три пати дневно, 20 минути пред јадење. Ќе почувствувате олеснување веднаш.
- Обарете 1 кг компири со лушпа во 5 литри вода, додека компирот не почне да се распаѓа. Оваа варена смеса пијте ја пред секој оброк по половина чаша неколку дена.
- Ако чувстувате непријатност, надуеност или тежина во стомакот – земете 3-5 листови од глуварче (сеедно млади или стари, само листовите да бидат зелени), темелно изжвакајте ги и голтнете ги.ќе биде многу горчливо, но морате да издржите.
- Ако имате лошо варење се препораќува да пиете 4-5 капки сок од ловоров лист: листот ставете го во мала количина на вода.
- Во случај на дијареа може да ви помогне следнит рецепт: иситнете неколку листови на алор. Од оваа смеса исцедете 10мл сок и испијте го.
- 10гр мед расторете во 250мл вода. Пијте пред појадок на празен стомак, по можност 30 минути пред јадење. Третманот трае 10 дена.
