Motherhood

Брак и семејство… Дали и покрај сé ВРЕДИ ???

Дали ни е потребен некој со кој ќе остариме и некој со кого ќе поделиме сé ?

Во филмот „  Shall we dance “, во кој играат Ричард Гир, Џенифер Лопез и Сузан Сарадон, постои сцена во која  карактерот кој го глуми Сузан објаснува зошто е важно да се биде во брак.

„ Потребен ни е сведок на животот. Има толку луѓе на планетава… Што всушност значи еден живот ? Меѓутоа, во бракот Вие давате ветување дека ќе стареете за нештата, за сé, секој ден “.

Кажете некому: „ Твојот живот нема да помине незабележано. Јас ќе го забележам… Јас ќе сведочам за твојот живот “.

За 65% од личностите кои припаѓаат на таканаречената бејби бум генерација, ова видување на бракот веројатно има смисла. Дури и разведените се надеваат дека ќе си најдат нов љубовник, најдобар пријател и партнер до крајот на животот. Меѓутоа, нештата се менуваат…

Денес се случуваат помалку вознемирувачки нешта, кога станува збор за бракот. Истражувања покажуваат дека 39% од Американците сметаат дека бракот е непотребен, оваа институција ја изгуби својата привлечност и младите генерации воопшто не мечтаат за неа.

Жените сé подоцна раѓаат деца, подоцна стапуваат во брак или воопшто не стапуваат и има сé повеќе самохрани мајки. Зошто ?

„ Жените сметаат дека мажите не се неопходни. Затоа и не вложуваат премногу “ , изјавува Др. Џенифер Робак Морс.

Тие жени очигледно не ја искусиле убавината и магијата на една врска: односот во кој две личности делат живот и заедно поминуваат низ висини и падови.

Што треба да се направи за младите да се убедат дека бракот не е непотребен? Најдобро би било, да слушнат мислење од луѓе кои имаат среќен брак.

Дојде време кога дури и автомобилите ги третираме подобро од луѓето. Знаеме дека и нив им е потребно редовно оддржување. Во нив вложуваме повеќе енергија и напор отколку во една врска.

Дел од проблемот лежи и во медиумите кои ни го перат мозокот да тежнееме кон совршенство. Очекуваме се да се одвива лесно, без препреки, а ако не е така се фрустрираме, се разочаруваме и се откажуваме.

Мораме да научиме да се откажеме од нереалните очекувања и да прифатиме некои факти. Колку и да прави Вашиот партнер луди нешта, неговата прва помисла наутро не е „ Денес ќе ја излудам мојата жена “. Баш како и Вие и Вашиот партнер сака само да биде сакан и покрај маните кои ги има. Подрудете се да му дадете до знаење дека ќе биде сакан и покрај некои нешта кои баш и не воодушевуваат кај него. Со превземањето на одговорноста за сопствената среќа и правењето место за партнерот, магијата ќе се случи. Сите ќе остариме еден ден. Староста може да ја дочекаме сами или да се потрудиме да пронајдеме најдобар пријател со кого ќе ги поделиме нашите златни години.

Напиши коментар