Од многуте бизарни резултати од естетските процедури, случајот на Брус Џенер, поранешниот сопруг на Крис Џенер (мајката на Ким Кардашијан), секако е еден од највпечатливите.
Имено, Џенер неодамна бил подложен на операција со која го смалил Адамовото јаболко поради што станал предмет на потсмев во американските медиуми.
Се разбира, доколку само еднаш го погледнете неговото презатегнато лице поради кое изгледа застрашувачки, споменатата операција се чини како најмал проблем.
Но, во обид да изгледа уште помлад, 64-годишниот Џенер ја сменил и фризурата и направил прамени со кои несомнено ќе предизвика нов бран на потсмев.

