ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 јајца
* 2 филџани рендани јаболка
* 1 филџан шеќер
* 1 филџан гриз
* половина чаша интергрално брашно
* 1 филџан мелени ореви/бадеми или лешници
* 1 филџан млеко
* 0,5 филџан масло
* 1 лажица какао
* 1 пециво
* 100гр вишни (не е обавезно)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Јајцата изматете ги со шеќерот – да станат како пена. Додадете го млекото, маслото и какаото. Измешајте. Потоа додадете ги јаболката, оревите, гризот, пецивото и вишните. Се полека измешајте, да се соедини. Смесата ставете ја во калап и печете на 180 степени. Со помош на чепкалка проверете дали колачот е печен.
ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ:
*100гр чоколадо
*70гр путер
ПОДГОТОВКА:
- Маслото и чоколадото стопете ги на пареа. Додека колачот е сеуште топол полиете го со преливот. Оставете да се излади.

2 коментари
mnogu ubav recept, treba da se proba!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Prekrasen kolac