Мојата кујна

Брз пудинг колач!

Овој колач е идеален за ненадејни гости. Се прави многу брзо и е мошне вкусен.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
*1,5 л млеко
*100 гр црно чоколадо
*4 пудинзи од чоколадо
*10 лажици шеќер
*2 кесички шлаг пена
*300 гр бисквити

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во 1,5 л сварено млеко ставете го чоколадото и 4 пудинга, со 10 лажици шеќер.
Кога пудингот ќе се свари, тргнете го од огнот и ставете ги претходно искршените бисквити и разлејте ја смесата во плех. Кога добро ќе се олади ставете ја изматена шлаг пената.
Врз шлагот ставете рендано чоколадо, или по желба…

Напиши коментар