Prison brake

Брз тест: Изберете врата и научете нешто за себе

Вратата е она што не дели од надворешниот свет. Таа е граница помеѓу вашата мала сигурна вселена и онаа која ве чека надвор зад неа. Симбол на одлуките кои треба да се донесат и изборите кои треба да ги направи секој човек во својот живот. Кога ја отворате вратата на својот дом, вие ја отворате душата за оној кој доаѓа.

Денес ви подготвивме еден тест. Во него ќе дознаете што се крие зад вратата која ќе ја одберете. Треба само да изберете број и ќе видите што ќе ви покаже.

Бърз тест: Изберете врата и научете нещо за себе си

1-Вие сте друштвена личност. Мозокот ви е остар и секогаш сте подготвени за уште една шега. Исклучително сте забавни. Сакате да излегувате со пријатели и сите да гледаат во вас. Претпочитате забава, отколку седење дома во кревет.

2-Вие сте од луѓето кои сакаат се околу нив да е безгрешно и се да биде на свое место. Вие сте вистински перфекционисти. Често се прашувате како може другите луѓе да не се како вас и како се справуваат со животот ако не се како вас.

3-Креативноста струи од вас. Вие постојано имате нови идеи. Вие сте брзи, храбри и вешти.

4-Вие обожавате да бидете безгрижни и никој не може да ве помести ни милиметар од белото облаче, на кое сте се сместиле. Не сакате да сносите одговорност или да ве оптеретуваат со задачи и проблеми. А ако некој се обиде да го направи тоа, вешто ќе го игнорирате.

5-Само напред и нагоре! Тоа е вашиот слоган. Вие сте амбициозни и секогаш усмерени кон својата цел. Речиси ништо не може да ве запре кон искачувањето по скалилата на успехот. Тоа понекогаш може да ви создаде проблеми и нервози. А најлошото што може да ви се случи е да останете сами поради големите барања и негирање на се што нема врска со вашата цел. Од друга страна сте строги и доследни во своите намери за успех.

6-Вие вриете од енергија. Не застанувате на едно место. Успешни сте во работата. Вие сте насмеана личност која обожава да биде активна.

7-Вие сте исклучително позитвни луѓе за кои сонцето не престанува никогаш да свети. За вас чашата никогаш не е половина празна. Таа е секогаш половина полна. Сакате да ги задржите луѓето околу вас со прекрасни емоции и да ги добиете истите како замена.

8-Вие речиси никогаш не се вклопувате меѓу останатите луѓе. Затворени сте во себе, па дури и по малку плашливи. Вие сте ранлива душа, која не се доверува лесно. Со вас луѓето мора да имаат посебен пристап, за да стигнат до вашата суштина.

9-Авантурата и авантуристичкиот дух се ваш заштитен знак. Никогаш не одбивате покана за патување. Љубовта кон природата ви е во крвта и понекогаш се прашувате дали да го напуштите градот и да живеете на село.

10-Вие сте од луѓето на кои останатите се потпираат. Вие сте од оние кои секогаш знаат што да прават и како да помогнат. Одговорни сте и независни. Никогаш не бегате од одговорност и секогаш сте подготвени да помогнете.

Напиши коментар