ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 300гр мелена плазма
* 800гр ресани
* 100гр мелени лешници
* 100гр шеќер во прав
* 250гр маргарин
* 1 чаша млеко
* 8 лажици џем од кајсии
* 200гр шлаг
* 400мл кисела вода
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечете ги ресаните на парчиња, па во чинија измешајте ги заедно со мелената плазма, шеќерот во прав и мелените лешници. Во смесата додадете го истопениот маргарин, млекото и џемот од кајсии. Смесата соединете ја, па на тацна од неа формирајте кора дебела 5 сантиметри. Посебно изматете го шлагот со киселата вода и премачкајте го врз тортата. Оставете да се излади, а потоа уживајте во вкусот.
