ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1кг посни бисквити
* 1кг медено срце (го редите така да немате празнина)
* 1,5л газиран сок од портокал + 1л за топење на бисквитите и медените срца, (најдобро фанта)
* 5 пудинга од ванила
* 500гр маргарин
* 4 лажици густин
* 250гр шеќер во прав
* 11 лажици шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Одвоете сок од 1,5 литар и измешајте ги пудингот и густинот, а преостанатиот сок оставете го да проврие со 11 лажици шеќер додека да се свари.
Маргаринот изматете го пенасто со 250гр шеќер и соединете го со изладениот пудинг.
Редете ги бисквитите натопени најпрво во сокот, а потоа во филот, меденото срце натопено во сокот па во филот, бисквити, фил и повторно бисквити.
