ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
*800гр шлаг
*300гр мелена плазма
*10 чоколадни крем банани
*200гр еурокрем
*кисела вода
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Прв чекор:
Најпрво изматете 200гр шлаг со една чаша кисела вода.
Во тоа додадете 300гр мелена плазма (откако тоа ќе се соедини обликувајте го во тањир)
Втор чекор:
Изматете 200гр шлаг со една чаша кисела вода и во тоа додадете 10 сецкани чоколдани банани (кога сето тоа ќе се соедини ставете го на смесата од плазмата).
Трет чекор:
Изматете 200гр шлаг и една чаша кисела вода и во тоа додадете 200гр еурокрем (откако ќе се соедини ставете го над смесата со чоколадни банани).
Четврт чекор:
Изматете 200гр шлаг со една чаша кисела вода и откако сето тоа ќе го изматите ставете го врз тортата како фил и ставете ја фо фрижидер.
