Мојата кујна

Брзи стапчиња со сирење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 500гр брашно

* еден маргарин

* едно јајце

* две лажичиња сол

* едно пециво

* 2,5 дл топло млеко

* 150гр рендан кашкавал

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Сите состојки замесете ги и оставете ги во фрижидер најмалку половина час (тестото може да стои и до седум дена). Откако ќе го извадите од фрижидер, истанчете го на 1 сантиметар дебелина и исечете стапчиња со саканата должина. Прмачкајте ги со јајце, поросете ги со сусам и печете во рерна на претходно многу малку подмачкан плех на 200 степени додека не поруменат.

Напиши коментар