ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250гр шеќер во прав
* 250гр маргарин
* 250гр мелени бисквити
* 4 кисели јаболка изрендани без кора
* 5 банани
* 4 пакетчиња шлаг
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Додадете ги мелените бисквити, изренданите јаболка и 3 изгмечени банани. Формирајте торта од половина смеса. Во средината ставете ги исецканите 2 банани па врз нив вториот дел од смесата. Одозгора украсете со изматен шлаг.
