Мојата кујна

Царска пита

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 4 јајца

* 1 шолја јогурт

* 1 шолја масло за јадење

* 2,5 шолји брашно

* Прашок за печиво

* Сол

* 150 грама сечкан кашкавал

* 150 грама сувомеснат производ ( шунка, виршли…)

* 150 грама кисели краставички

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ги јајцата, додадете ја шолјата јогурт и масло и уште малку матете. Потоа додадете го брашното, прашокот за печиво, посолете и мешајте додека не добиете еднолична смеса. Потоа додадете ги преостанатите намирници и убаво измешајте.

При печењето питата можете да ја попрскате со сусам и при крајот на печењето да изрендате малку сирење одозгора.

Уживајте!!!

Write A Comment