Ова не е цртеж, ниту пак анимација, ова на сликата е вистинска куќа во која некогаш живееле луѓе, а сега преставува хотел во кој редовно има посетители ширум светот.
„Куќата Батло“ или на шпански „Куќата на коските“ е зграда дизајнирана и направена од најпознатиот шпански архитект Антони Гауди, а се наоѓа во Барселона, Шпанија.
Локалното име е „Куќа на коските“, и самата зграда има интересен скелет и некои велат дека е речиси „жива“. Голем дел од фасадата е декориран со мозаик направен од кршени керамички плочки, што започнува од златна и завршува до зелено – сина нијанса. Покривот е завиен, изгледа како грб од змеј – поврзан е со Свети Ѓорѓи, кој е претставен како убива змеј. Има толку интересни и прекрасни детали на ова неверојатно архитектонско дела, што само ќе ви препорачаме ако имате можност, не пропуштајте да ја видите Куќата на Коските.