Ќе го најдете Casta Diva Resort во средината на шармантната природна убавина, покрај езерото Космо.
Уште пред да стапнете во овој хотел, на прв поглед ќе добиете впечаток дека сте на место посетено од аристократи, кои бараат перфектна удобност и совршен поглед. Иако не сме веќе во 18тиот век, доколку сакате да видите една од најубавите реновирани згради од тоа време или пак едноставно барате италијанска романтика, тогаш сте добредојдено во хотелскиот комплекс Casta Diva.
Единствено овде ќе можете да уживате во преубавите згради во стар стил, кои ќе ве релаксираат, а едновремено ќе можете да уживате и во нетрадиционалниот дизајн на ентериерот.
Секој агол од ова местенце е инспиративен, почнувајќи од едноставниот но уникатен поглед од италијанската ривиера,па се до несекојдневниот аристократски мебел во боја, кој ве пренесува назад во историјата. Комбинацијата од сето тоа, прави една глетка, која сама по себе е уникатна, и доколку сакате да поминете летен одмор, кој засекогаш ќе остане во вашето сеќавање, ние ви го предлагаме токму Casta Diva Resort, во близна на преубавиот италијански град Милано.










