Здраво тело

Чаеви по крвна група: Дознајте кој чај најмногу ви одговара

Секоја крвна група има различни потреби, па според тоа може да се одреди и која храна најмногу ни одговара. Идентично е и кога станува збор за пијалоци. Што се однесува до чајот, кој е еден од најпопуларните пијалоци во светот, следните типови се препорачуваат за одредени крвни групи.

Крвна група 0

Кога станува збор за исхраната, луѓето од оваа крвна група би требало да консумираат месо, а да избегнуваат млеко и глутен. Иако добро се справуваат со стресот, често ги мачи стомачна киселина. Чаевите кои се препорачуваат на оваа крвна група се базираат на ѓумбир, женшен и зелен чај. Чајот од нане е како создаден за нив.

Крвна група А

Многу емотивни и аналитички настроени, луѓето кои ја имаат оваа крвна група се под постојана закана за стрес поради зголеменото ниво на хормонот кортизол. Не им годи кафе, а се препорачува повеќе да консумираат овошје и зеленчук, да медитираатм, за практикуваат јога. Кога станува збор за чајот, на луѓето од оваа крвна група најмногу им одговара чај од јасмин и негова комбинација со зелен чај, како и мешавина од невен и мајчина душица. Им одговара и чај од камилица.

Крвна група Б

Лицата со крвна група Б имаат бавен метаболизам и се склони кон автоимуни заболувања, дебелина, летаргија, хроничен умор и несоница. Имаат отпорен дигестивен систем, но слаба одбрана од бактерии, особено од Е коли. Препорачливо е да пијат зелен чај, чај од зелен или црвен рооибос (познат како афрички чај или црвена или зелена грмушка), мешавина од бозел, жалфија, рооибос и маточина. Исто така, им годат и чаеви од хибискус и шипинки.

Крвна група АБ

Луѓето од оваа крва група имаат силна интуиција, не се склони кон стрес, но имаат и намалено либидо. За нив идеален избор е мешавина на зелен и чај од нане. За мажите од оваа крвна група, посебно се препорачува мешавина на чај од нане, рооибос и коприва.

Напиши коментар