ШоуБиз

Честито трет син Гвен Стефани!

Американската пејачка Гвен Стефани повторно добија машко дете, пренесоа американските медиуми. Бебето се родило во петокот и ќе се вика Аполо Бови Флин Росдејл.

Стефани и нејзиниот сопруг Гивин Росдејл имаат две момчиња – Кингстон (седум) и Зума (пет години), потсетуваат медиумите.

Росдејл (48) од своја претходна врска ја има и 24-годишната ќерка Дејзи Лоу, која се занимава со манекенство.

Напиши коментар