Motherhood

Четири видови темперамент

Детето се раѓа со веќе дефиниран темперамент кој не може да се смени, но може да биде моделиран.

Темпераментот во чист вид се среќава многу ретко. Најчесто се преплетуваат црти од карактеристики кои се типични за различните видови темпераменти.

Еве ги основните карактеристики на чистите типови темпераменти:

Дете меланхолик

Ова дете е многу чувствително, лесно може да биде повредено, се сомнева, нерешително е, срамежливо , а од друга срана добро е и срдечно, спремно секогаш да помогне. Меланхоликот е затворен во себе, тешко се прилагодува во нова средина, тежнее да биде во сенка. Ова дете е несигурно во себе, зборува тивко, реагира болно на негативна оценка, а казната ја прифаќа како трагедија.

Дете флегматик

Ова дете е смирено, трпеливо, има потреба од повеќе време за да се сконцентрира, упорно е. Флегматикот се што прави прави смирено и бавно но секогаш оди до крај и умее да надмине најразлични препреки. Целосно е посветено и приврзано за семејството, блиските луѓе и пријателите. Детето флегматик зборува директно без излишни гестови и мимики. Новата информација ја учи бавно но ќе ја памети многу долго. Не сака промени и му треба доста време да се адаптира во новата средина.

Дете сангвиник

Тој е адаптивен, жив, комуникативен, склон кон брзоплетост и лекомисленост. Овие деца се дружељубиви, сакаат да запознаваат нови луѓе и непознати места. Лесно го доживува неуспехот и без проблем се прилагодува во новата средина. Неговото љубопитство нема граници и лесно ја учи новата информација. Импулсивни се и активни и смирено реагираат на казна.

Дете холерик

Ова дете е активно, конфликтно, необуздано. Овој тип темперамент очигледно носи за родителите најмногу грижи и проблеми. Се што прави, прави енергично и брзо. Новата информација ја учи брзо но брзо и заборава. Холерикот по природа е лидер, лесно се адаптира, но поради својата импулсивност често е во конфликт со врсниците. Ова дете секогаш има потреба од публика, од која очекува реакции. Ете зошто детето холерик никогаш не плаче и не е капризно ако е само.

***Независно какви карактеристики преовладуваат кај вашето дете, не заборавај дека секое малечко има потреба од атмосфера на доверба и сигурност. Ако детето се чувствува сакано, независно каков е неговиот темперамент, тоа расте уверено во себе и со потребната самодоверба.

Напиши коментар