Четката за коса е место на кое се собираат многу нечистотии. Со секое четкање, доколку не е исчистена, сите тие нечистотии ги ставате во косата.
За четката да ви остане цело време чиста, редовно чистете ја од коса. На секои неколку дена добро измијте ја во топла вода во која претходно ќе ставите шампон. Четката оставете ја во топлата вода неколку минути. Таа во топлата вода ќе омекне и ќе се исфрлат заостанатите влакна и нечистотии. Потоа четката измијте ја со млака вода и оставете ја да се исуши.
