Мојата кујна

Чипс од домати

Како до здрава храна, а во исто време да е крцкава и вкусна? Во прилог е рецепт со кој ќе може да уживате пред тв приемниците со добар филм и здрава храна.

Потребно е:

  • 2 домати
  • сол
  • масло за јадење

Подготовка: Доматите пресечете ги на тркалца, наредете ги на даска за сечкање и посолете ги од едната страна. Оставете ги така 15 минути, па со салфетка избришете ги од едната страна. Превртете ги и посолете ги од другата страна. Оставете ги додатни 5 минути. Избришете ги со салфетка, наредете ги на чинија која може да се пече во микробранова печка. Чинијата претходно премачкајте ја со кујнска четка со масло за јадење, во многу тенок слој. Вака наредените домати, ставете ги во микробранова печка да се печат пет минути, на јачина 7 од максимални 10. Јачината прилагодете ја според нивоата на вашата микробранова печка.

Ако немате микробранова печка, доматите наредете ги на тавче за печење, намачкано со масло за јадење, па пржете ги кратко на опција „broil“ на најгорната решетка од вашата рерна.

211

Write A Comment