Убавина

Чистење на лицето од акни и црни точки

Паста за заби – пастата за заби е еден од најефективните препарати за справување со црните точки и акните на лицето. Прво нанесете тенок слој паста врз проблематичните делови и оставете го да дејствува 25 минути. Потоа добро измијте го лицето со ладна вода. Повторувајте ја процедурата секој втор ден.

Домати – доматите се одличен антисептик, кој ги суши акните и ги чисти црните точки. Користете ја пулпата од домати, за да го излекувате лицето, така што ќе оставите да делува во текот на ноќта на кожата. Следното утро измијте се со ладна вода.

Лимон – прво измијте го лицето со топла вода. Потоа исцедете еден лимон и ставете малку сол. Нанесте ја течноста на проблематичните делови и оставете да дејствува околу 20 минути. На крајот повтроно измијте го лицето со топла вода.

Нишесте – направете паста од нишесте и оцет во сооднос 3:1. Оваа паста нанесете ја врз акните и црните точки и оставате да дејствува од 15 до 30 минути. Отстранете ја со топла вода.

Кисело млеко – измешајте три лажици кисело млеко со две лажици овесна каша. Додадете една лажица маслиново масло и една лажичка сок од лимон. Смесата се става на лицето и треба да отстои од 5 до 7 минути,а потоа да се измие со ладна вода.

Ориз – ставете го оризот во млеко и оставете го да отстои 5 часа. Следниот чекор е да го ставите оризот заедно со млекото во блендер и да напрвите паст. Таа паста може да ја користите како пилинг на лицето.

Компири – изрендајте живи компири и ставете ги на проблематичните делови од кожата. По 15 минути измијте се со млака вода.

Напиши коментар