ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
ЗА КОРАТА:
*400гр брашно
*6 лажици какао (100%)
*330гр шеќер
*2 лажчиња сода бикарбона
*2 лажичиња оцет 7%
*150мл масло
*450мл вода
*1 лажиче екстракт од ванила
ГЛАЗУРА:
*100гр какао (100%)
*250гр шеќер во прав
*50мл масло
*100мл топла вода
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
* Загрејте ја рерната на 175 степени.
* Подгответе плех со 34×26см, и намачкајте го со масло.
* Во сад измешајте ги сите суви состојки.
* Во посебен сад измешајте ја водата, маслото, оцетот и екстрактот од ванила, а потоа додадете ги во сувите состојки, добро измешајте и истерете ги во плехот за печење. *Печете околу половина час .
* Печениот колач премачкајте го со веќе подготвената глазура. ( Загрејте ја водата па полиете ја со какао и добро измешајте, додадете ги останатите состојки и соединете).
