Мојата кујна

Чоколадна торта со круши и ванила крем

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 6 крушки

* сок од 1 лимон

* 250гр путер

* малку сол

* 4 лажици рум

* 4 јајца

* 250гр брашно

* 1 пакетче прашок за печиво

* 40гр какао во прав

* 80мл млеко

* 1,5-2л сок од ананас

* 6 листови желатин

* 7,5дцл млеко

* 2 пудинга од ванила

* 2 лажици шеќер

* 4дцл слатка павлака

* 2 пакетчиња ванилин шеќер

* 50гр чоколадо за готвење

* масло

*4-6 лажици ситно секцкани фстаци

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

ТЕСТО: Во пластичен сад ставете околу еден литар ладна вода. Исцедете сок од еден лимон и додадете го во водата. Излупете ги крушките, исечете ги на половина и ставете ги во вода да не потемнат. Загрејте ја рерната на 180 степени. Дното на плехот за печење намачкајте го м,асло и ставете хартија за печење. Путерот омекнат на собна температура заедно со ѓеќерот пенасто измешајте го. Додавајте едно по едно јајце мешајќи (секое јајце мешајте го околу 2 минути).

Измешајте го млекото и румот, па брашното, пецивото и какаото. Потоа просеете го низ цедалка па најизменично со млекото и румот додавајте го во мешавината од јајца. Ставете го во плехот и израмнете го. Крушите извадете ги од вода и исечете ги на коцки. Ставете ги врз тестото и ставете го да се пече во загреана рерна  40-50 минути. Печениот колач извадете го од рерна, полиете го со сокот од ананас и оставете го да се олади.

КРЕМ: Листовите од желатин омекнете ги во ладна вода, а двете пакетчиња пудинг измешајте ги со шеќерот и 1-2дл млеко. Останатото млеко сварете го па во него ставете го пудигот да се вари. Кратко варете го и оставете го на страна. Желатинот исцедете го и ставете го во топлиот пудинг. Ставете го во ладна вода да се олади. Додека се лади, од врме на време мешајте го.

Изматете ја слаката павлака заедно со ванила шеќерот, па додадете ја пудингот и премачкајте го колачот.

Напиши коментар