Мојата кујна

Чоколадни еклери

Уживајте во авангардната класика, надополнета од Вашата омилена состојка – чоколадото !!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто –

250 милилитри вода

50 грама маргарин

150 грама пченично брашно

30 грама гриз

4 јајца

Малку прашок за пециво

За фил –

1 пудинг од чоколадо

½ литар млеко

2 лажици гриз

125 грама маргарин

3 штангли чоколадо за готвење

Прелив – чоколаден прелив

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во сад кој одговара, ставете вода и 50 грама маргарин и  оставете да повријат, а потоа додајте ги пченичното брашно и гризот. Мешајте додека не добиете маса во облик на топка од тесто. Тргнете ја од ринглата, па почнете да ги додавате јајцата, едно по едно и мешајте со миксер, на најголема брзина. Кога масата ќе се олади додајте многу малку прашок за пециво ( на врвот од ножот ) и промешајте.

Смесата ставете ја во шприц за торта, истиснете две траки една до друга, а врз нив истиснете уште една. Постапката повторете ја додека подготвената смеса не се потроши. Еклерите се печат во рерна, на 200 °C, 20 минути.

Во млеко, додајте го пудингот, помешан со две лажици гриз. Тргнете го од ринглата и додајте го чоколадото. Матете го маргаринот додека не добиете пенаста смеса, а потоа додајте го оладениот пудинг и промешајте. Еклерите сечете ги на половина па филувајте ги. На крај, прелијте ги со чоколаден прелив.

Уживајте во вкусот !!!

Напиши коментар