Eтибар Елчејев (41) поранешен кик-боксер од Грузија го собори сопствениот, а воедно и светскиот рекорд, во бројот на лажички кои може да ги залепи на своето тело. Благодарејќи на својата магнетска моќ, Елчејев на градите залепил 53 лажици.
Некогашниот кик-боксер со тоа го подобри својот рекорд. Според неговите зборови, тој нема намера да се откаже, а во иднина планира да ги помести границите со нови предизвици.
– Планирам да поместам авион и воз со празни вагони. Сепак, не сакам да откријам се наеднаш – вели Елчејев кој објаснува дека лажиците ги привлекува благодарејќи на неговата природна магнетска моќ.

