Потребни состојки:
* 2 лимона – кората и сокот
* 100гр шеќер во прав
* 100гр кафеав шеќер
* 60гр несолен путер
* 3 јајца
Подготовка:
Изрендајте ја ситно кората на лимоните (претходно добро измиени) и исцдете го сокот. Измешајте ги двата вида на шеќер, додадете го путерот, сокот и кората од лимон. Изматете ги добро јајцата и додадете ги во смесата со лимон. Смесата ставете ја да се вари на пареа, постојано мешајќи, додека не се згусне како крем, а шеќерот не се стопи целосно. Кремот не треба да зоврива! Додека е уште топол ставете го во тегли и превртете ги да се ладат со капачето надолу. Чувајте го кремот на ладно место – може да стои неколку месеци.