Здраво тело

ЧУВАР КУЌА И МЕД- Лек за стомак (миоми и цисти на матката)

Листовите од чувар куќата е потребно да ги сомелете и исцедите во еден сад и добиете сок. Потоа  го додавате  сокот во мед и мешате додека се соединат смесите.Така направениот мед со чувар куќа потребно е да одстои 7 дена на топло место и потоа е спремен за употреба.

Важна напомена-смесата од чувар куќа и мед се зема на гладен стомак пред јадење по една лажичка, и по земањето на медот два часа да не се конзумира никаква храна.

Состојки:

Мед 1 килограм

Чувар куќа 500 грама

Зимно време поради намалена физичка активност доаѓа до зголемено задржување на штетни материи во организмот. Смесата од мед и чувар куќа го забрзува метаболизмот и го чисти телото од сите штетни материи.

Употребата на оваа смеса е посебно благотворна после обилни гозби и разни прослави.

 ЧАЈ ОД ЧУВАР КУЌА

Состојки:

2 лажички листови од чувар куќа

1 чаша врела вода

Листовите од чувар куќа ги полевате со врела вода и оставате да одстојат 2 часа. Ја цедите и пиете по  ¼ чаша , 4 пати на ден, пред јадење. Чајот го подобрува мокрењето, а кај проливот  дејствува со стивнување . Помага кај јака менструација, крварење, и  воспаление на увото.

ЧУВА КУЌА,ЛИМОН И МЕД- за хемороиди

Лимонот се мие добро и се става во вода со една лажичка сода бикарбона и се остава да одстои 1 час. Потоа повторно го миете добро и го  сечете на кришки, и заедно со 300 грама  чисти листови чувар куќа го мелете и процедувате низ газа. Во течноста додавате 750 грама ливадски мед и мешате го со дрвена лажица. Секое утро земајте по една лажица  од смесата (можете да ја користите од прилика месец и половина, а смесата  е потребно да се чува во фрижидер).

 

 

Write A Comment