Убавина

Чувствувајте се поубави со трчање!

Ново истражување од универзитетот Stanford во Калифорнија покажало дека членовите (со среден век) на клубовите за џогирање имаат помали шанси да умрат во нареден период од 20 години отколку луѓето кои не трчаат.

Трчањето не само што го смалува ризикот за срцевите болести туку ја спречува и појавата на Алцхајмерова болест.

“Во период од 19 години умреле 15% трчачи и 34% од луѓето кои не се занимавале со ова хоби”, пишува во заклучокот на Eliza Chakravarty и нејзините колеги кои го спровеле ова истражување.

“Но и било кој облик на вежби кои го раздвижуваат телото ќе имаат ист ефект како и трчањето”, вели Д-р. James Fries, еден од истражувачкиот тим.

Повеќето од 300 лица кои биле вклучени во ова истражување биле трчачи и неделно посветувале повеќе од 200 минути на вежбање, додека останатите кои правеле други вежби имале само 80 минути.  “Споредбено подобро е да се занимавате со трчање, затоа што скоро сите оние кои трчаат се непушачи и не конзумираат алкохол, што во старт е добар продолжеток на животот“, вели еден од истражувачите.

Напиши коментар