Белата боја и бојата на слоновата коска отсекогаш биле традиционални бои за венчаници, но овој обичај е одамна сменет…
Оваа сезона, руменилото, бојата на праска па дури и шарите се главни отстапувања во однос на белата боја. Сепак, младите кои сакаат да направат некој драстичен чекор, можат да се одлучат за џиш црвена боја.
Во кинеската култура, џиш црвената боја е традиционална, така што идеата за “дама во црвено” на денот на венчавката не е баш нова. Но фустаните со нијанса на црвена боја секако дека ќе го привлече вниманието на сите.
Што мислите – дали сте за традиционални светли нијанси или би се осмелиле за овие експерименти со бои на сопствената венчавка?
Ви ги претставуваме и двете варијанти на Vera Vang, ваше е да одлучите што ви се допаѓа!