Истражувачи од Харвардскиот институт за јавно здравје открија дека јадејќи барем две парчиња сланина или една виршла дневно, ја зголемуваме можноста за смртен исход како последица од постепено „труење“ на организмот со токсините кои се ослободуваат при распаѓањето на месото!!!
Истражувачите ги обработиле податоците за дури 110.000 испитаници и открија дека дури и најмалата количина црвено месо ја зголемува смртноста, дури за 13%.
Консумирањето на месни преработки, долго време е поврзано со голем ризик за добивање канцер, болести на срцето и дијабетес. Доктор Ен Пен, водич на истражувањата истакнува дека пред да се обработат испитувањата, претпоставувал дека само преработките на месо претставуваат голем ризик за здравјето. Бил изненаден од резултатите кои покажале дека било кое црвено месо придонесува за тој ризик.
Неговиот тим открива дека секоја замена за преработено и црвено месо, без разлика дали тоа е месо од перјести животни или вегетаријанска исхрана, прави голема разлика. На пример ако наместо црвено месо јадете пилешко, го намалувате ризикот од смртност, за 14%. Овие студии докажуваат дека редовното консумирање црвено месо, особено преработеното, доведува до прерана смрт. Од друга страна пак, со изворите на здравје- протеините, можете значително да го подобрите здравјето, да го редуцирате морталитетот и појавата на хронични заболувања. Пен советува дека месото и месните преработки немаат никаква корисна улога, што значи дека кога веќе консумирате црвено месо, јадете непреработени производи и сведете ги на две до три порции неделно.
Кога би ја намалиле порцијата шницли за само 40 грама, односно кога истите не би биле поголеми од 70 грама, тоа видно би ја намалила смртноста.Се укажува на тоа дека порциите црвено месо се се поголеми, а порциите зеленчук се помали. „ Од неразновидната искрана и внесот на црвено месо, кое е најнездраво, потекнуваат сите проблеми “, заклучува професор Френк Ху.