← НАЗАД НА БОЗА

Цврсти гради без хируршки зафат

Цврсти гради без хируршки зафат
1231 Читања

Цврстите гради какви што ги имаат многу холивуски ѕвезди се сон на секоја жена. Но, цврстите гради ги сакаат и мажите. Тие изгледаат поголеми и поубави, облеката со големо деколте поубаво стои, силуетата на жената е посексипилна, а со тоа им се зголемува самодовербата.

За да имате цврсти гради, битно е да носите градник, кој пред се нема да ви смета и да ве притиска. Тој треба да служи само да ги подигне вашите гради. Градникот немојте да го носите додека спиете, а додека вежбате или се рекреирате одберете боди или спортски градник.

Ладната вода е идеална за цврсти гради. По туширањето нанесете хидратантна крема или мелко за тело. Доколку вечерва планирате да излегувате во фустан со длабоко деколте, уште сега ставете лимон во вашиот фрижидер, пред да излезете, пресечете го на пола и со кужни потези измасирајте ги градите. Оваа масажа ќе ви помогне градите да ви изгледаат поцврсто во текот на вечерта.

Што се однесува за вежбите кои помагаат да се зацврстат вашите гради, тука пред се е незаменливото пливање. Мускулите на кои вашите гради лежат, зајакнуваат во текот на пливањето, а со тоа и самите гради стануваат поубаво обликувани и цврсти. Ако не можете да пливате често, тогаш со дланките допрете го ѕидот, движете се со телото кон него, а потоа вратете се во првобитната положба. Оваа вежба практикувајте ја секојденвно по неколку минути.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk