Prison brake

Да се наежи човек: Мачките можат да претчувствуваат болест и смрт кај луѓето?!

Приказната за жолтеникаво белата мачка Оскар, жител на еден старечки дом во Провиденс, во Америка, дефинитивно никого не остава рамнодушен поради неговите необични способности. За последните две години Оскар 25 пати претчувствувал смрт кај пациенти, а само во еден случак “згрешил”, ако може да се каже така, бидејќи се случило два пациенти да починат во исто време.

Доволно е дека Оскар да се склопчи во некој од пациентите, според приказната на медицинскиот персонал и пациентите, и тоа обично значи дека на таа личност не ѝ преостануваат повеќе од четири часа живот.

Оскар беше усвоен од страна на медицинскиот персонал на геријатријата уште додека бил мало маче од неколку дена. А своите необични способности почнач да ги покажува со своите шест месеци.

Mačak Oskar u hodniku Gerijatrijskog centra Providens Foto: daviddosa.com

Д-р Дејвид Доса, еден од специјалистите на овој дом, вели дека никој дефинитивно не може да потврди како Оскар може да претчувствува нечија смрт. Консултирани се голем број научници и нивната претпоставка е дека Оскар има развиено сетило да открива одредени психолошки промени кај луѓе кои укажуваат на тоа дека некоја личност пред смрт. Други пак, сметаат дека Оскар нема никаква посебно развиена интуитивна моќ, туку дека реагира онака како што реагираат и вработените во клиниката кога некој од пациентите е во критична состојба. Додека пак, некои сметаат дека Оскар едноставно има развиено шесто сетило со кое може да предвиди нешто такво.

Мерилин Кригер, познат специјалист и експерт за однесување на мачките, верува дека мачките навистина можат да откријат психички промени кои се манифестираат кај луѓето. – Мачките, како и предаторите, имаат можност да претчувствуваат кога друго животно е болно. Оваа способност е дел од нивната природа, дел од нивниот начин на преживување, но тоа не значи дека тие сакаат некој да биде повреден или загрозен – се обиде да го објасни овој феномен Мерилин Кригер, но не можела со сигурност да потврди дали тоа го прават преку сетилото за мирис или на некој друг начин.

Dr David Dosa i Oskar Foto: daviddosa.com

Способноста на Оскар да го претчувствува доаѓањето на смртта кај луѓето некои експерти го споредуваат со способноста на некои кучиња, што медицинската наука веќе го потврди, дека можат со своето сетило за мирис да почувствуваат присуство на канцер во телото на човекот, како што, исто така, некои тренирани терапевтски кучиња можат да претчувствуваат напад кај лица кои патат од епилепсија.

Тоа што Оскар дополнително го прави посебен покрај докажаните способности е и неговата слаткост особено изразена кон оние лица за кои почувствува дека им се ближи моментот на смртта. Според зборовите на д-р Доза, кој неколку пати и лично имал можност да се увери во тоа, Оскар едноставно се труди на тој начин да им биде утеха во најтешките моменти.

Напиши коментар