Motherhood

Да си самохрана мајка не е несреќа!

Од секогаш самохраните мајки се одбележани како несреќни. Во филмовите тие често се представувани како слабо образовани и мачени жени кои работат како келнерки, стриптизерки или чистачки. Како се инфериорни дека немаат маж до себе.

Полесно е да го отфрлиш постоењето на ваков тип на луѓе, отколку да бараш причина зошто тие избрале да живеат така. Негирањето очигледно за многу луѓе е решение на проблемот. Да, проблем е едно дете да не живее со двајца родители, но зошто неговата мајка треба да биде негативен херој?!

Како, ако си направила грешка во изборот на партнер, тогаш задолжително треба да си измачена или недоволно образована. Не се лажете – тоа не е лицето на сите нас, кои сме одлучиле да продолжиме сами.

Да даруваш живот е вокација и Божји дар. Тоа е избор, кој те прави вистински жена. А да си самохрана мајка е оксиморон. Бидејќи не може истовремено да си мајка и да бидеш сама. Нашите лица се многу различни, различни се и нашите професии, но сите ние сме борбени и неверојатни среќнички.

Во многу случаи сме по-успешни, по-пробивни, и по-адаптивни од не-самохраните мајки. За да им дадеме поцелосен живот на децата и да им го надоместиме одсуството на другиот родител, подготвени сме и на невозможното, но не и на одлуката да ја наведнеме главата и да го жртвуваме достоинството. Веќе знаеме колку е тешко потоа да се исправиш.

Затоа ве молиме престанете да не гледате со влажни очи, ние немаме потреба од вашето сожалување. Ние исто така не престануваме да сонуваме, да се смееме и да сакаме. Веќе сме убедени во тоа дека можеш да ги сакаш другите, само доколку се сакаш самиот себе. И го правиме тоа секој ден од моментот кога сме решиле да продолжиме сами. Имаме свои тајни, страсти и различни карактери. Но тоа не се само наши квалитети, туку на сите луѓе.

Не се срамиме од тоа дека детето го носи нашетом презиме. Бидејќи знаеме дека сме благословени. Бидејќи сме мајки!

Напиши коментар