Зависноста од алкохолот може да предизвика состојба на интензивна вознемиреност или депресија. Аклохолот е тој кој, всушност, ги поттикнува и храни симптомите на депресија и ја зголемува нејзината сериознозност и интензитет. Сепак, не значи дека сите овие особи кои се зависни од алкохол или веќе многу долго го консумираат во големи количина, задолжително да станат и депресивни.
Голем број луѓе се запознати со фактот дека алкохолот има смирувачко, односно затапувачко дејство на нашиот мозок и неговите функции. Факт е и дека проблемите со алкохолот и депресијата многу често се јавуваат истовремено.
Добиени се резултати дека кај 40% од вкупниот број особи кои во голем број количини консумираат алкохол, се јавуваат симптоми слични на оние кои се јавуваат и при депресијата. Од друга страна, 5-10 особи кои страдаат од депресија и состојби кои се во директна врска со неа, покажуваат симптоми слични на оние кои го пропратуваат алкохолозимот.
Личностите кои страдаат од депресија, често пати се оддаваат на алкохолот, убедени дека тој може да ги намали нивните симптоми на депресивна состојба. Меѓутоа, еуфоријата која се јавува како директна последица на консумирањето на алкохолот многу брзо е заменета со чувство на малаксаност, поспаност, мрзеливост и напнатост. Доколку депресивната личност и после тоа продолжи со внесувањето на алкохол, доаѓа до пореметувања во мотористиката и рамнотежата. Потоа следува конфузија и дезориентираност, како и губење на чувството за реалност. На крајот од сè, желбата за сон сè станува сè посилна, со тоа што дури кај некои особи тоа резултира и со губење на свеста.
Истражувања – Доколку личноста и покрај тоа што консумира алкохол, немала некои поголеми проблеми, таа во поголем број случаеви нема да има проблеми ни со симптомите на самата депресија. Како што бројните истражувања истакнуваат, дека личностите кои имале поголеми проблеми предизвикани со консумирањето на алкохол во голема мера, како пред, така и после шеесетата година во животот, припаѓаат во групата на личности кои се највеќе склони кон развој на депресивна состојба.
Резултати – Истражувањата во текот на минатите 10 години, дошле до занимливи и корисни откритија кога станува збир за влијанието на алкохолот врз човековиот мозок, како и влијанието на депресијата. Сега веќе е познато дека на некои од системите кои се одговорни за иницирање на нерасположенија, вознемиренсот, лош сон и нерамномерен апетит за време на депресија во огромна мера влијае и алкохолот.
