Motherhood

Дали е оправдано зголемувањето на тежината за време на бременоста?

Mногу трудници сметаат дека во текот на бременоста не мораат да водат сметка за вишокот килограми, експертите препорачуваат да се води сметка за килограмите кои ќе се добијат во овој период.

Жена со нормална телесна тежина дозволено е да ја зголеми својата телесна маса за 13 килограми.

Ако носат едно дете, жените со нормална тежина можат да се здебелат до 13, а особите кои имаат вишок килограми до 11. Единствено оние жени кои имаат недостаток на килограми можат да добијат и до 18 килограми. Кога се во прашање близнаци (или во некои случаеви повеќе деца), тогаш и добиената килажа може да биде поголема. Во спротивно оние особи кои не водат сметка околу своите килограми, можат да го зголемат ризикот од дијабетис и хипертензија. Исто така, ним често им е потребен “царски рез”, а склони се и на инфекции по породувањето.

За да не би имале проблеми со вишокот килограми во текот на бременоста, жените треба да ги прифатат здравите навики во исхраната. Треба да јадат 4 до 5 порции варен ориз или интегрален леб на ден. Млечни производи, односно помалку масно млеко, јогурт или тврдо сирење можат да консумираат три до четири порции на ден. Протеините од месото, рибата, гравот или јајцата треба да се консумираат три до четири порции. Зеленчукот, како што се брокулата, морковите, грашокот и доматот, мора да се консумира три до пет порции. Овошјето како портокал, банани и јаболки треба да се консумираат две до четири порции.

Но вреди да се напомене што навистина значи една порција: едно парче леб, половина шоља варен ориз, една шоља млеко или јогурт, половина шоља варен зеленчук и една банана или јаболка.

Експертите советуваат дека во бременоста не треба буквално да се јаде како за двајца, туку треба да се консумираат намирници со 300 калории повеќе отколку обично. трудниците треба да внимаваат на свежото или слабо вареното месо или морска риба кои можат да бидат богати со жива. Исто така, не смеат да јадат многу производи од непастеризирано млеко, како што е фета сирењето, поради тоа што во нив може да има бактерии кои можат да предизвикуваат прерано раѓање на детето.

Трудниците треба да внимаваат и на домашно подготвените преливи за салата, како и на јајца, затоа што во нив може да има салмонела.

Напиши коментар