4988 Читања
Основно правило е да ги прочитаме ознаките на пакувањето на храната. Информираноста е едуцираноста при избирање на храната ни овозможуваат прехрамбените навики да ги прилагодиме и насочиме кон квалитетна и безбедна храна. Производителите на живинско месо од ЕУ на мораат да се придржуваат на точните упатства за обечежување на храната, Во врска со тоа, ЕУ на потрошувачите им овозможува пристап до храна која е здравствено исправна, безбедна и прилагодена кон трендовите на здрава исхрана.
- Генерички податоци: име на производителот/увозникот, состав, нето-количина, серија, потекло.
- Ознаката за рокот на употреба е законски задолжителна.
- Упатство за чување.
- Упатство за приготвување.
- Листа на адитивни и други додатоци употребени при подготовката.
- Ознака свежо или смрзнато: терминот свежо се однесува на месо кое не било изложено на температури под 3 Ц степени, месо на кое стои смрзнато било изложено на температура од – 17 Ц степени.
- Ветеринарни ознаки.
- Географски ознаки (PDO, PGI, повисок квалитет и сл.).
- Начин на производство (еколошки, интегрирано, слободно одгледување итн.)